Дневно во просек 10 до 12 илјади посетители ја отвораат интернет-страницата на Стопанска банка, со цел да се информираат или реализираат одредена операција. Имајќи го предвид овој интерес, и својата определба да биде модерна банка блиска со своите корисници, Стопанска банка во изминатиот период интензивно работеше на подобрување на овој сервис, внесувајќи новитети кои имаат за крајна цел, што подобро опслужување на своите корисници. Веб-страницата на Стопанска банка има нов изглед, зголемена функционалност, со нови начини на комуникација, кои обезбедуваат полесно и побрзо користење на стандардните банкарски производи. Нејзиното промовирање на почетокот на овој месец за 58 проценти го зголеми престојот што клиентот вообичаено го има на страницата.
Дневно во просек 10 до 12 илјади посетители ја отвораат интернет-страницата на Стопанска банка, со цел да се информираат или реализираат одредена операција.
Имајќи го предвид овој интерес, и својата определба да биде модерна банка блиска со своите корисници, Стопанска банка во изминатиот период интензивно работеше на подобрување на овој сервис, внесувајќи новитети кои имаат за крајна цел, што подобро опслужување на своите корисници.
Веб-страницата на Стопанска банка има нов изглед, зголемена функционалност, со нови начини на комуникација, кои обезбедуваат полесно и побрзо користење на стандардните банкарски производи. Нејзиното промовирање на почетокот на овој месец за 58 проценти го зголеми престојот што клиентот вообичаено го има на страницата.
Споредувајќи ги податоците од 2009 и 2010 година, бројот на трансакции реализирани преку е-банкинг сервисот се зголемиле за 33 насто. За 45 проценти е зголемен бројот на корисници правни лица, додека 37 отсто повеќе физички лица го користат сервисот.
Она што е најново во делот на е-банкинг услугите се готовите шаблони за плаќање на рати по кредити или картички, шаблоните за вообичаените режиски комунални услуги (вода, струја, парно, телекомуникациски услуги и услуги кон кабловските оператори), но секако и увид во деталите за производите кои клиентот ги користи - депозитни или кредитни.
Од Стопанска банка најавуваат дека во скоро време ќе го активираат и телефонското банкарство кое ќе им овозможи банкарски трансакции на сите заинтересирани клиенти со софистициран систем за идентификација и верификација преку телефон.